Игор Стефановски – Иџе заврши на седмата позиција во првата трка на „ТЦР Европа“ шампионатот во Ле Кастелет, Франција.
Македонсккиот возач имаше најбрзо време во првата квалификациска рунда, но во втората, најбрзата обиколка му беше поништена, па стартуваше од 11-то место. На крајот тој успеа да дојде до седмото место.
Победник на првата трка е Србинот Душан Борковиќ, кој тргна од пол-позиција и немаше проблеми до самиот крај. Трката ја заврши со време 27:08.766. На второто место заврши Наѓ, додека трет е Азкона.
На патеката во Франција се натпреваруваше и Македонецот Виктор Давидовски, кој со својата Хонда заврши на 16-та позиција.