Македонскиот автомобилст Игор Стефановски – Иџе победи на денешната прва трка во ЕТЦЦ шампионатот што се возеше на патеката во Имола.
Стефановски на „летечкиот старт“ ја имаше четвртата позиција, но брзо се проби на второто место, а по само неколку круга го презеде и водството, кое го зачува до крајот на трката.
Тој најбрзо ги извозе 11. круга на патеката во Имола, а на оваа трка возеше со нов автомобил Сеат Леон. Нашиот автомобилист го имаше и најбрзиот круг 1:54.422 минута.
Второто место го освои Крис Рихард од Швајцарија, а трет заврши Аку Пелинен од Финска и двајцата бозат Хонда.
Ова за Стефановски беше е прва победа на кружни патеки. Стартот на втората трка на патеката во Имола е во 13:35 часот.