Стефановски по казната заврши како осми на првата трка во Мост

Од:

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе првата од двете трки во ЕТЦЦ шампионатот што се возат денеска во чешкиот град Мост ја заврши на осмото место откако стартуваше од петтата позиција.

Решавачки за пласманот на нашиот возач беше седмиот круг кога Стефановски од третата позиција се проби на првото место, но притоа го удри Наѓ и доби казна поминување низ боксот што потоа значеше и заостанување од 25 секунди зад победникот.

Првото место во трката го освои Пламен Кралев од Бугарија, а водечкиот во генералниот пласман Петр Фулин заврши на третото место.

Во втората трка Стефановски ќе стартува од првата позиција, но нема веќе шанси за шампионската титула во шампионатот.

Би можело да ве интересира

Стефановски: Бев казнет за банален инцидент

Наум Локоски

Петто место за Стефановски во втората трка во Чешка и четврто место во генералниот пласман

Наум Локоски

Стефановски ќе стартува од петтата позиција на трката во чешки Мост

Наум Локоски

Иџе утре ќе стартува од четвртата позиција на Нирбургринг

Наум Локоски

Стефановски освои шест бодови на двете трки во Хунгароринг

Наум Локоски