Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе остана без подиум на првата трка во Вила Реал, Португалија поради крајно неспортски потег на домаќинот Жозе Родригез.
Првопласиран беше чешкиот возач Петр Фулин, а зад него заврши сонародникот Норберт Наѓ. Третото место му припадна на Португалецот Жозе Родригез, кој во последниот круг ја скрати кривината и потоа удри во возилото на Стефановски.
Иџе заврши на четвртото место, со заостанување од три и пол секунди во однос на Родригез.
Организаторот најави истрага на индицентот кој го предизвика португалскиот возач.