Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе на денешната трка во ЕТЦЦ шампионатот што ќе се вози во Португалија ќе стартува од петтата позиција. Тој на синоќешните квалификации имаше петто време – 2:05.211 минути.
Најдобро време постигна Норберт Наѓ, а второ време има Петр Фулин. Пред Стефановски се наоѓаат уште Фабио Мота и Жозе Родригез.
Во генералниот пласман води Крисјоханес Шрајбер со 44 бодови, Фулин е втор со 43, а Стефановски е на третата позиција со 33.