Стефановски ја почнува одбраната на титулата во Франција

Од:

Најдобриот македонски спортист автомобилистот Игор Стефановски – Иџе, воедно, и европски шампион на ридски патеки, во француското градче Сент Жан ду Гард ќе ја почне одбраната на европскиот трон.

Викендов на програмата е првата трка од Европското првенство на ридски патеки, а најдобриот македонски спортист за 2014 година ќе се најде пред уште поголем предизвик бидејќи многу е потешко да се одбрани трофејот отколку да стигне до него.

Противниците добро ги знаат квалитетот и можностите на Иџе и на неговото Mitsubishi Lancer EVO IX и ќе сторат се да го сопрат неговиот победнички од на стариот континент. Предноста на македонскиот возач е што оваа година не оди на „слепо“ и ја познава патеката, која според неговите зборови е со просечна должина и е релативно тешка, а поради специфичниот асфалт е многу лизгава и возилото се однесува нестандардно во одредени свиоци.

– Генерално сме подготвени за новата сезона. Сега веќе сме далеку посвесни што не очекува, одиме во позната насока, што е позитивно, но, од друга страна ќе ја имаме врз себе тежината на освоената титула, фаворитскиот статус и дополнителниот притисок којшто доааѓа од тоа, вели Стефановски.

Трката ќе се вози на патеката од Сент Жан до врвот Кол Сент Пјер во должина од 5.280 метри. Предвидени се два саботни тренинга и три возења во неделата, а за вкупниот пласман ќе се смета збирот од двете најдобри неделни возења.

Ова е 43-то издание на оваа трка, а освен за Европскиот, ќе се бодува и за домашниот шампионат на ридски патеки, бидејќи домашните автомобилисти возат за својот национален шампионат со помалку помодификувани правила, различни од оние на ФИА за Европскиот шампионат, тие не се бодуваат за ЕП. Оттука и стартната листа на учесници кај автомобилите е нешто помала од вообичаено. Во неговата група Н, на Иџе освен познатите противници од лани, чешкото дуо, Лос и Јерман, друштво ќе му прават уште и европскиот шампион од 2013 година, Хрватот Мухвиќ и младиот Србин Миљковиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пандев, Лазаров и Стефановски веќе нема да рекламираат игри на среќа

Катерина Ѓуровски

Игор Стефановски-Иџе во партнерство со „Макпетрол“ до врвни резултати на европските авто-трки

Стефановски остана без пласман на денешната трка во Имола

Ана Ололовска

ВИДЕО: Стефановски со своето „Хјундаи“ удри во заштитната ограда и остана без пласман

Ана Ололовска

Стефановски четвртопласиран во Монца

Ана Ололовска

Стефановски победи на „Валелунга“ во трка од ТЦР шампионатот

Ана Ололовска