Стефан Мицов го совлада Горазд Србљак со 2-1 во сетови, и ја освои титулата на тенискиот турнир „Бовин Неготино опен 2019“, кој се играше деновиве на терените на ТК Неготино.
-Одиграв добар меч, го дадов својот максимум за да победам. Благодарност до организаторот, спонзорите и моето семејство. Се надевам дека ќе се видиме и наредната година, рече Мицов.
Турнирот во Неготино се игра од 1994 година наваму, и претставува една од ретките прилики каде македонските тенисери играат натпревари во својата земја. Годинава на турнирот настапија 53 тенисери, меѓу кои покрај домашните, имаше и Шпанци, Словенци и Срби, објасни претседателот на ТК Неготино, Ванчо Лазов.