Стефан Крафт победник на премиерата на „Четири новогодишни скокалници“

Од:

Австриецот, Стефан Крафт е победник на првиот натпревар од 63-то издание на турнејата „Четири новогодишни скокалници.

По неколку одложувања поради лошите временски услови, сепак попладнево се одржаа натпреварите на скокалницата во германскиот ски-центар Оберсдорф, каде Крафт со скоковите од 136,5 и 129 метри во првата и втората серија го освои првото место.

На втората позиција заврши неговиот сонародник Михаел Хајбоек со скоковите од 137,5 / 132,5метри,  додека трет беше Словенецот  Петер Превец кој имаше скокови од 139,5 / 125,5.

Ски-скокачите остануваат во Германија, но сега во Гармиш-Партенкирхен каде на првиот ден во 2015 година, ќе се одржат натпреварите на втората скокалница од турнејата, а на 3 и 6 јануари ќе се преселат во Австрија, односно Инсбрук и Бишсхофен.

Трофејот од лани го брани Австриецот Томас Дитер, кој за најголеми конкуренти сезонава ќе ги има сонародниците Грегор Шлиренцауер и Михаел Хајбек.

Би можело да ве интересира

Штох победник на денешните летови во Оберздорф

Ана Ололовска

Штох триумфира и на втората од „Четирите скокалници“

Ана Ололовска

Штох победник на првата скокалница од Новогодишната турнеја

Ана Ололовска

Тежок пад на ски-скокачот Дитхарт

Ана Ололовска

Кот победник на денешните скокови во Кореја

Ана Ололовска

Штох победник во Сапоро

Ана Ололовска