Стартува Светското фудбалско клупско првенство во Јапонија

Од:

Во натпреварот меѓу екипите на Хирошима и Оукленд Сити, денеска (11:45 часот) на стадионот во Јокохама, ќе започне Светското клупско првенство во фудбал.

На ова  натпреварување кое ќе трае до 20 декември, ќе учествуваат седум екипи. Покрај јапонскиот шампион Хирошима и првакот на Океанија, Оукленд Сити, ќе учествуваат и:

европскиот шампион – Барселона;
првакот на Јужна Америка – Ривер Плејт;
шампионот на Северна и Средна Америка – Клуб Америка;
првакот на Азија – Гвангжу;
шампионот на Африка – Мазембе.

Победникот од денешниот дуел меѓу Хирошима и Оукленд  во четвртфиналето на 13 декември ќе игра против Мазембе.

Истиот ден во второто четвртфинале ќе се сретнат Гвангжу и Клуб Америка.

Победникот од натпреварот Хирошима/Оукленд – Мазембе, на 16 декември за противник во полуфиналето ќе го има тимот на Ривер Плејт, а ден подоцна (17 декември) во второто полуфинале Барселона ќе игра против победникот од натпреварот Гвангжу – Клуб Америка.

Финалето ќе се игра во Јокохама на 20 декември.

Би можело да ве интересира

Јапонија се откажа од организација на светското клупско првенство во фудбал

Ана Ололовска

Иниеста го продолжи договорот со Висел Коби до 2023 година

Ана Ололовска

Иниеста со гол го однесе својот тим во финалето на јапонскиот куп

Хонда е очаен: Зошто никој не ме сака?

Вермален заминува во Јапонија

Ана Ололовска

Виља го постигна својот деби гол во Јапонија

Ана Ололовска