Станиќ: Силкеборг треба да се плаши од нас

Од:

Металург е пред најголемиот клупски успех за еден македонски тим. Доколку утре во СЦ „Борис Трајковски“, го победи данскиот преставник Силкеборг, „металурзите“ ќе се пласираат на втората позиција на табелата во Лигата на шампионите и ќе очекуваат „полесен“ противник во осминафиналето од ова натперварување.

Атмосферата е позитивна во таборот на Металург, додека голманот Дарко Станиќ вели дека данците се добар тим, но утре нашиот шампион ќе слави и ќе заврши на второто место во групата.

„Сите сакаме да отидеме чекор повеќе од лани. Откако ни се склопија коцките и ни се отвара таква шанса, не смееме ова да го пропуштиме. Сепак играњето во осминафиналето е сериозна работа и мора да бидеме многу внимателни. Силкеборг е добар тим, но не толку за да треба да се плашиме од него. Ги победивме на нивни терен и тие треба да се плашат од нас. Мора да бидеме на ниво и да одиграме најдобро што можеме“ – изјави Дарко Станиќ.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он