Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло откако за еден час и 59 минути го совлада Италијанецот Лоренцо Музети со резултат 2:0 (7:5, 6:3).

Ѓоковиќ му се реваншираше на Италијанецот за ланскиот пораз на истото место и во истото коло од натпреварувањето, но не му беше лесно да победи. Музети веќе направи брејк во првиот гем, но Ѓоковиќ успеа да се врати во сетот кога израмни на 4:4. Со водство од 6:5 Ѓоковиќ направи брејк и така го освои првиот сет.

Во вториот сет Србинот прв направи брејк и поведе со 2:0, а потоа Италијанецот возврати и намали на 1:2, но Ѓоковиќ веднаш повторно брејка за 3:1. При 4:2 за најдобриот тенисер на планетата, Музети прави брејк и се чини дека неизвесноста се враќа во мечот. Ѓоковиќ повторно направи брејк во следниот гем и поведе со 5:3, а потоа на крајот со својот сервис го приведе мечот кон крајот.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го најави младиот Бразилец за свој наследник, а овој „му заби нож в грб“

А1он

Беретини го елиминира Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Доха

Ѓоковиќ остро за Синер: Земјотрес, oва е голем проблем за спортот

А1он

(ВИДЕО) Ѓоковиќ го „испрати“ Шварцман во пензија: „Што гледаш, идиотe?“

Ѓоковиќ: Татко ми ме убедува да ставам крај на мојата тениска кариера

Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа во Мелбурн парк пред арената Род Лејвер