Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на лекарски консултации во Прага

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е снимен на прашкиот аеродром „Вацлав Хавел“.

Како што јавува дописникот на МИА од чешката метропола, се претпоставува дека 25-годишниот тенисер е дојден на лекарски консултации со познатиот чешки физиотерапевт Павел Колар.

Колар поради почитување на тајноста на пациентите не ја коментираше веста, но се претпоставува дека Ѓоковиќ ја посети Чешка поради повредата на зглобот, која ја здоби во Дејвис купот.

Оваа недела „првиот светски рекет“ е слободен, а потоа за време на викендот веќе го чекаат натпревари во Шпанија.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех