IHF им верува на балканските судии и ги номинира за најважните мечеви од завршницата на светското првенство во Катар.
Српските судии Стоиљковиќ и Николиќ ќе го водат мечот Полска – Катар, а Словенците Крстиќ и Љубиќ ја добија довербата за европското дерби меѓу Франција и Шпанија.
Драган Начевски е официјално лице на првото полуфинале меѓу домаќинот и Полјаците.
Во мечевите за пласман дуелот Хрватска – Германија ќе го судат Рамирез и Лопез од Шпанија, а мечот Данска – Словенија им е доверен на Ал Суваиди и Бамутреф од Катар.