Македонските натпреварувачи со два медали се враќаат од Истанбул по настапот на Президент Купот 2021, еден од најсилните теквондо турнири во светот, кој се бодува за освојување олимписка норма за Игрите во Париз во 2024 година.
Македонскиот таеквондист Филип Додевски го освои сребрениот медал во категоријата до 87 килограми, совладувајќи ги актуелниот европски шампион до 21 година, Турчинот Ахмет Кескин, и второрангираниот во светот во оваа категорија, Рафаел Камалов од Русија.
Додевски во финалето зафуби од Роберто Бота од Италија, носител на бронзен медал од последното Европско првенство.
Во женска конкуренција, Анамарија Георгиевска го освои бронзениот медал во категоријата до 67 килограми, со две победи над Аисе Кирачаоглу од Турција и Романката Андреа Мокаму.
Во полуфиналето Георгиевска загуби од Турчинката Атанасија Митсополу.
Забележителен настап на шестото издание на Прездент Купот имаа и Филип Стаменов и Марко Аврамовски, додека сребрениот од Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски, не настапи на турнирот поради повреда.