Оливера Наковска-Бикова освои сребрен медал на Интернационалното натпреварување во Хановер, Германија, во дисциплината воздушен пиштол.
Македонката во финалето влезе како првопласирана, но во последната серија загуби од Иранката Сарех Јаванмардидомани.
Бронзениот медал и припадна на уште една Иранка, Алиех Махмудикордхеили.
Македонските параолимпијци, со два медали го завршија учеството на ова натпреварување во Хановер. Претходно Ванчо Каранфилов, Бранимир Јовановски и Наковска-Бикова освоија бронза во екипна конкуренција во дисциплината спортски пиштол.