Србљак му се придружи на Јотовски во второто коло на фјучрсот во Брчко

Од:

Македонскиот тенисер Горазд Србљак заедно со Томислав Јотовски ќе бидат дел од играчите кои ќе играат во 2.коло на фјучрсот во Брчко. Тој денеска со пресврт стигна до победата над Нермин Фатиќ од (БиХ) со 2-1 во сетови (2:6; 6:2 и 6:2 во гемови). Мечот траеше 1 час и 55 минути

Првиот сет Фатиќ го доби со 6:2, а потоа нашиот тенисер успеа да направи пресврт откако ги доби двата сета со 6:2. Во следното коло негов ривал ќе му биде Давид Пишлер од Австрија (6.носител), кој со 2-0 во сетови го победи Роко Савин од Хрватска.

Во второто коло пласман обезбеди и Томислав Јотовски, откако неговиот ривал Љубомир Челебиќ (Црна Гора) му го предаде мечот. Јотовски утре ќе игра против Едуард Бартрина од Шпанија.

Од нашите тенисери единствено загуби Стефан Мицов. Тој беше поразен од Дарко Бојановиќ од (БиХ) со 2-0 во сетови (7:5 и 6:3 во гемови).

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ