Кошаркарите на Србија не ја искористија фаворитската улога против Украина и загубија со 82:75.
Максим Корниенко со 21 и натурализираниот Украинец Џетер со 20 поени беа најзаслужни за победата, додека кај Србите Немања Бјелица имаше дабл дабл со 22 поени и 10 скока.
Претходно Литванија обезбеди пласман во четвртфиналето на Европското првенство во Словенија.
Во денешниот прв четвртфинален натпревар Литванија убедливо ја совлада Белгија 86:67.
Вечерва играат Летонија и Франција.