Две од репрезентациите кои ќе бидат ривали на Македонија на Европското првенство во групата во Јесенице, синоќа го завршија настапот на турнирот во Цеље.
Репрезентацијата на Србија го освои второто место, додека Летонија е трета.
Во рамките на последното 3. коло Србија ја победи Летонија со 67:54, а најефиксен на натпреварот беше капитенот на Србија Ненад Крстиќ со 20 поени.
На турнирот Србија постигна победа (78:63) и против Турција, додека Летонците ја совладаа само Турција (66:61).
Првото место со максимални три победи го освои домаќинот на Европското првенство Словенија, која синоќа во последниот натпревар ја победи Турција со 72:53.