Србија – последен полуфиналист на ЕП за ракометарки

Од:

Последното место во полуфиналето на Европскиот шампионат го обезбеди домаќинот Србија, откако синоќа во драматичен дуел ја совлада Франција. Во последната минута од натпреварот голманот на Србија Катарина Томашевиќ успеа во два наврати да одбрани контра на противничките.

натпреварите од главната групна фаза во двете групи завршија синоќа, по што се познати и полуфиналните двојки.

Група 1 (Белград): Чешка – Шведска 26:35, Србија – Франција 18:17 и Норвешка – Данска 33:35. Табела: Норвешка 8 бодови, Србија 7, Данска 6, Шведска 5, Франција 4, Чешка 0.

Група 2 (Нови Сад): Шпанија – Црна Гора 23:27, Германија – Романија 25:23 и Унгарија – Русија 25:31.
Табела: Црна Гора 8, Унгарија 6, Русија 5, Германија 5, Романија 3, Шпанија 3.

По денешниот слободен ден на првенството во првото полуфинале в сабота ќе играат европскиот шампион Норвешка и Унгарија, а потоа е дуелот на домаќинот Србија против Црна Гора.

Третопласираните селекции од двете групи Данска и Русија како предигра на полуфиналето ќе го одиграат натпреварот за 5.место.

Сите натпревари ќе се играат во „Комбанк Арена“ во Белград.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир