Србија без Ѓоковиќ на АТП купот во Сиднеј

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да настапи со српската репрезентација на АТП купот што на 1 јануари започнува во Сиднеј, јавија денеска белградските медиуми.

Весникот Блиц, повикувајќи се на извори блиски до Ѓоковиќ, објави дека тој 99 отсто нема да патува на АТП купот и одлучил да го пропушти натпреварувањето во Сиднеј.

Во составот на српската репрезентација се Филип Крајиновиќ, Душан Лајовиќ, Матеј Сабанов, Никола Чачиќ и Никола Милојевиќ, а Купот во Сиднеј ќе го пропушти и српскиот селектор Виктор Троицки.

Србија е во група со Норвешка, Чиле и Шпанија.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест