Спречено апсење на Кристијано Роналдо

Од:

Малку недостасувало за португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо да заврши зад решетки. Полицијата во Лас Вегас планирала да го уапси Кристијано Роналдо за наводно силување на Кетрин Мајорџ во хотелска соба во 2009 година.

Кога таа во 2018 година го обвини Роналдо дека сексуално ја нападнал по едно излегување во клуб, полицијата бараше налог за апсење, но обвинителот Кларк Стив го одби тоа.

Обвинителот сметаше дека нема доволно докази, па случајот застаре и беше затворен.

По пишувањата на медиумите, тужителката една вечер во 2009 година со другарките излегла во ист клуб во кој бил и Роналдо.

Тоа излегување завршило во неговото џакузи во луксузниот апартман.

Роналдо потоа наводно на девојката и платил 373.000 долари за да го премолчи целиот однос, но таа девет години подоцна дошла до идеја да го тужи и да бара отштета од 76.000.000 долари.

Би можело да ве интересира

Роналдо и го честита Денот на вљубените на Џорџина со фотографија од почетокот на нивната врска

Предраг Петровиќ

Нема намера да оди во пензија – Кристијано Роналдо го продолжи договорот со Ал Наср

А1он

Кристијано Роналдо слави 40. роденден – честитките од Реал Мадрид и Спортинг ќе го воодушеват

А1он

Португалија во оптек ќе пушти монети од 7 евра

А1он

Роналдо сака да стигне до бројка од 1.000 гола, но има уште нешто што повеќе го мотивира

А1он

Роналдо Назарио да Лима – кандидат за претседател на Фудбалскиот сојуз на Бразил

А1он