Тиаго Сплитер и во новата сезона ќе настапува со Тим Данкан во дресот на НБА финалистот Сан Антонио.
Бразилецот, кој минатата сезона беше стандарден во тимот на „мамузите“ имаше просек од 10,3 поени и 6,4 скокови по натпревар.
Сплитер во дресот на Сан Антонио настапува од 2010 година, иако на драфтот во 2007 година беше избран како 28.ми пик.
Покрај настапите во репрезентацијата на Бразил, Сплитер се истакна и во дресот на шпанската екипа Каха Лаборал со која освои и две титули.