СП ракомет: Победи на Шпанија и Бразил во првите денешни натпревари

Од:

Селекциите на Шпанија и Бразил, забележаа победи во првите натпревари од четвртиот ден на Светското ракометно првенство во Катар.

Во дуелите од 3.коло на А групата, актуелниот светски првак Шпанија убедливо, со 21 гол разлика,  го победи Чиле со 37:16 полувреме 14 : 7. Ова беше третата победа за Шпанија, која е на врвот на табелата во оваа група, воедно и трет пораз на Чиле, кој е последно пласира.

Третиот пораз на Мундијалот го претрпеа и ракометарите на Белорусија, кои денеска се поразени од Бразил со 34:29 полувреме 16:12. За „Кариоките“ ова е прва победа на првенството по двата порази од домаќинот Катар и Шпанија во претходните две кола.

Колото во оваа група ќе биде комплетирано со средбата Катар – Словенија, која ќе започне од 17 часот, термин во кој стартуваат и два натпревари од Б групата, во кои македонските ракометари против Босна и Херцеговина ќе атакуваат на третата победа на шампионатот, како и средбата меѓу Хрватска и Иран.

Во последниот меч денеска ќе играат Австрија и Тунис од 19 часот.

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ