СП ракомет: Македонија во борба за нова победа

Од:

Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток од 20 часот и 15 минути во салата „Сан Пабло“ во Севиља против Данска го игра натпреварот од 5.коло од групата Б. „Црвено-жолтите“ со евентуална победа ќе го избегнат четвртото место во групата и ќе се надеваат на полесен противник во 1/8 финалето.

Јунакот на натпреварот со Русија голманот Никола Митервски, кој тој дуел во средата го заврши со шест одбрани најавува голем борба за освојување на двата бода.

– Може да ни биде од мала помош тоа што Данците веќе го имаат обезбедено првото место во групата и евентуално да калкулираат. Ние сме максимално подготвени и ќе дадеме максимум и одиме на победа. Слободниот ден е искористен за анализа на Данска, како на нивниот напад така и на нивната одбрана, изјави Митревски.

Македонија и Данска досега имаат одиграно два натпревара и на двата победи постигнаа Данците.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ