СП ракомет: Македонија и Словенија во битка за четвртфинале на Мундијалот

Од:

Репрезентациите на Македонија и на Словенија попладнево од 16 часот и 30 минути, ќе се борат за пласман во четвртфиналето на ракометниот Мундијал во Катар.

Ова за македонската репрезентација е второ осминафинале по ред откако пред две години во Барселона бевме елиминирани од Германија. На тој шампионат Словенија играше во полуфиналето и го освои 4. место.

На официјалните натпревари овие две селекции имаат одиграно три дуели. Во баражот за Европското првенство 2008 година Словенија постигна две победи, а на ЕП 2012 година во Белград Македонија победи во дуелот за 5. место со 28:27.

Ова воедно ќе биде и дуел на двајца од тројцата најдобри стрелци на шампионатот, Драган Гајич (Словенија) води на листата со 43 голови, а Кирил Лазаров (Македонија) е трет со 38.

Лазаров е најуспешен по бројот на голови и асистенции во првата фаза со 56 (38 голови + 18 асистенции).

Натпреварот Македонија – Словенија се игра во „Али Бин Хамад Алатијах Арена’’, каде нашата репрезентација на трите натпревари кои ги одигра во групната фаза забележаа три победи.

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ