СП ракомет: Комплетирани двојките за осминафиналето

Од:

Со одигрувањето на средбите од 5. коло во групите Ц и Д, комплетирани се осминафиналените парови на Светското ракометно првенство што се одржува во Катар.

Според програмата по четири натпревари ќе се играат во недела и понеделник.

За нас најзначаен е дуелот меѓу Македонија и Словенија кој ќе се игра денеска, а ќе започне од 16 часот и 30 минути, термин во кој ќе стартува и средбата Австрија – Катар.

Преостанатите два натпревари од денешната програма ќе започнат од 19 часот, а во нив ќе играат Шпанија – Тунис и Хрватска – Бразил.

За во понеделник редоследот на одигрување на осминафиналените средби е: Германија – Египет и Полска – Шведска (16:30 часот), Исланд – Данска и Франција – Аргентина (19:00 часот).

Покрај овие натпревари денеска се играат и дуелите од „Президент купот“ за пласман од 17. до 24. место.

Од 17. до 20. место двојките се: Белорусија – Босна и Херцеговина и Чешка – Русија, додека за пласман од 21 до 24. место играат: Чиле – Иран и Алжир – Саудиска Арабија. 

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ