СП ракомет: Франција и Данска со максимален ефект

Од:

Репрезентациите на Франција и на Данска ги постигнаа четвртите победи во четирите одиграни натпревари на Светското ракометно првенство кое се одржува во Шпанија и се наоѓаат на првите место во своите групи со максимални 8 бодови.

Во Б групата во Севиља Македонија и Русија го одиграа првиот нерешен резултат 29:29, Катар го победи Чиле со 31:23, а европскиот првак Данскаго совлада Ислчнд со 36:28 и со тоа практично го обезбеди првото место во групата.

Табела Б група: Данска 8 бодови, Русија 5, Македонија 5, Исланд 4, Катар 2, Чиле 0.

Во А групата во Гранољерс во дуелите од 4.коло беа постигнати следниве резултати: Бразил – Тунис 27:22, Германија – Црна Гора 29:21 и Аргентина – Франција 23:35.

Табела А група: Франција 8 бодови, Германија 6, Тунис 4, Бразил 4, Аргентина 2, Црна Гора 0.

Денеска во групите А и Б е слободен ден, а натпревари се играат во групите Ц и Д.

Во Ц групата која се игра во Сарагоса двојките се: Словенија – Белорусија, Саудиска Арабија – Јужна Кореја и Србија – Полска.
Табела: Србија 6, Словенија 6, Полска 4, Белорусија 2, Јужна Кореја 0, Саудиска Арабија 0.

Двојките во групата Д се: Австралија – Алжир, Унгарија – Шпанија и Хрватска – Египет.
Табела: Шпанија 6, Хрватска 6, Унгарија 4, Египет 1, Алжир 1, Австралија 0.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он