На шампионатот во ракомет што се одржува во Катар денеска се првите натпревари од 4.коло, а на два се решава и прашањето на првата позиција во групите А и Б бидејќи меѓу себе играат четири репрезентации, кои имаат максимални три победи.
Во Б групата тоа е дуелот меѓу Македонија и Хрватска, додека во А групата играат домаќинот Катар против светскиот првак Шпанија. Почетокот на двата натпревара е во 17 часот.
Распоред на натпреварите од 4. коло:
Б група:
Македонија – Хрватска,
Иран – Австрија,
Босна и Херцеговина – Тунис.
Табела: Хрватска 6, Македонија 6, Австрија 3, БиХ 2, Тунис 1, Иран 0.
А група:
Чиле – Белорусија,
Словенија – Бразил и
Катар – Шпанија.
Табела: Шпанија 6, Катар 6, Словенија 4, Бразил 2, Белорусија 0, Чиле 0.