СП ракомет: Димовски и Митревски на трибините, Обрван ги одбра шеснаесетмината

Од:

Без Ванчо Димовски и Никола Митревски репрезентацијата на Македонија ќе го започне својот настап на 24-тото Светско ракометно првенство во Катар.

На техничкиот состанок кој се одржа утринава, нашата делегација ги пријави играчите со кои ќе го започне Мундијалот. Од 18-те ракометари македонскиот селектор Ивица Обрван го одреди составот и ги одбра 16-те со кои ќе го започне првенството, а меѓу нив ги нема играчите на Металург, Ванчо Димовски и Никола Митревски.

Очекувано, Обрван им даде предност на поискусните голмани Борко Ристовски и Петар Ангелов, па чуварот на мрежата на Металург, Никола Митревски, останува на трибините.

Еден од најискусниот играчи во селекцијата Ванчо Димовски исто така натпреварот со Тунис ќе го следи од трибините, а шанса на место од првотимецот ќе добие Никола Марковски, заедно со стандардниот Стојанче Стоилов.

Инаку, според пропозициите секоја репрезентација во текот на првенството има право на направи по само две измени во текот на натпреварувањето.

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ