Репрезентациите на Аргентина и Исланд се последните кои обезбедија пласман во осминафиналето на ракометното СП во Катар.
Во дуелите од последното 5. коло во групната фаза во директниот дуел за четвртото место во Д групата, Аргентина ја победи Русија со 27:30.
Исланд беше подобар од Египет со 28:25 и го освои третото место пред денешниот противник кој на крајот ќе биде четврт во Ц групата.
Во оваа група Германија го освои првото место по денешниот триумф над Саудиска Арабија со 30:19, додека Данска и Полска во директен дуел ќе решаваат кој ќе биде втор, а кој трет.
Исто ќе биде и на дуелот во Ц групата меѓу Шведска и Франција, но тие селекции ќе решаваат за првото и второто место.
Без разлика на исходот од последниот денешен меч меѓу Чешка и Алжир овие две селекции остануваат без пласман во осминафиналето.