СП 2017: Словенија ја декласира Ангола

Од:

Убедлив триумф со 17 голови разлика забележа Словенија на првиот денешен дуел од Б групата на Светското ракометно првенство во Франција.

Словенците високата победа ја најави уште во првото полувреме кое заврши 22:13, за во вториот дел да постигнат уште 20 гола наспроти 12 на противникот за конечни 42:25.

Во вториот денешен термин, од 17 часот и 45 минути својот премиерен настап на Мундијалот ќе го има Македонија која ќе се сретне со Тунис.

Првото коло во групата Б ќе се комплетира вечер со дербито Шпанија – Исланд (почеток 20:45).

Покрај натпревари од Б групата, денеска во Нант ќе се одиграат и преостанатите два дуела од А групата. Двојките се:

Русија – Јапонија (17:45 часот) и
Полска – Норвешка (20:45 часот).

На првиот меч од оваа група со кој беше отворен Мундијалот, синоќа во Нант, домаќинот Франција го победи Бразил со 31:16.

Би можело да ве интересира

Франција се закити со бронза на ракометното СП

А1он

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски