СП 2017: Словенија – Хрватска во борба за бронзениот медал

Од:

Репрезентациите на Словенија и на Хрватска вечерва во Париз ќе го играат натпреварот за бронзениот медал на Светското првенство во ракомет.

И двете селекции загубија во полуфиналето: Словенија од Франција, а Хрватска по продолжение од Норвешка.

Во двата табора истакнуваат дека ќе најдат сили и последниот натпревар да го одиграа најдобро што можат и со медал да го завршат шампионатот.

Во нешто подобра позиција е Словенија, која своето полуфинале го играше во четвртокот, додека Хрватска практично нема ден одмор пред дуелот за бронзата.

Ова е втор натпревар на овие две селекции за бронзен медал на Светското првенство.

Пред четири години Хрватска во Барселона ја победи Словенија со 31:26. Почетокот на дуелот е во 20:45 часот, а го судат шпанските судии: Оскар Ралуи Лопез и Анхел Сабросо Рамирез.

Утре во финалето од 17:30 часот ќе играат светскиот првак Франција и Норвешка.

Би можело да ве интересира

Франција се закити со бронза на ракометното СП

А1он

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски