СП 2017: Прво финале за Норвешка на Светските првенства

Од:

Ракометната репрезентација на Норвешка се избори за финалето на Светското првенство во Франција откако во второто полуфинале по продолжение ја победија Хрватска со 28:25.

Во регуларните 60 минути резултатот беше 22:22, а Златко Хорват за Хрватска не реализираше удар од седум метри во 60 минута. Голманот на Норвешка Торбјорн Бергеруд одбрани и избори продолжение за својата репрезентација. Во дополнителните десет минути Норвешка имаше повеќе сили и се избори за своето прво финале и обезбеден медал.

Селекцијата на Хрватска остана без уште едно финале на големите натпреварувања и вечерва во дуелот за бронзениот медал ќе игра против Словенија (почеток 20:45 часот).

Најдобар играч на натпреварот беше голманот на Норвешка Бергеруд, кој имаше 16 одбрани. Најефикасни на натпреварот беа Бјарте Мирхол од Норвешка со 6 голови (без промашување) и Хорват од Хрватска исто со 6 голови.

Норвешка во финалето ќе игра против светскиот првак и домаќин Франција во недела со почеток во 17:30 часот. Овие две селекции играа во групата А на овој шампионат, а Франција победи со 31:28.

Би можело да ве интересира

Франција се закити со бронза на ракометното СП

А1он

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски