На првиот натпревар од 4.коло на Светското ракометно првенство во Франција, попладнево Норвешка го победи Бразил со 39:26.
Бразилците беа рамноправен противник само во почетните минути, имаа и водство од 3:2, а потоа се одеше во прилог на Норвешка. На полувреме резултатот беше 18:13 за скандинавскиот тим, во средината на вториот дел разликата првпат беше двоцифрена (29:19), а на крајот и максимални плус 13.
За Норвежаните ова беше трет триумф, додека Бразил е со половичен ефект од две победи и два пораза.
До крајот на денот ќе се одиграат и другите два дуела од 4.коло во групата А: Полска – Јапонија, Русија – Франција (А група).
Распоред на другите денешни средби:
Словенија – Тунис, Ангола – Исланд (Б група);
Германија – Саудиска Арабија (Ц група) и
Катар – Аргентина (Д група).