СП 2017: Хрватска и Данска ја остварија втората победа на првенството

Од:

На Светското првенство во ракомет во Франција синоќа беа одиграни седум натпревари, а покрај Македонија во вечерниот термин втората победа ја постигнаа и селекциите на Хрватска и на Данска.

Хрватска во рамите на Ц групата ја победи Унгарија со 31:28, што за Унграците беше втор пораз. Во групата Д Данска ја совлада селекцијата на Египет со 35:28.

Хрватска е прва во групата Ц со 4 бодови, а Данска е лидер во групата Д исто со 4.

На другите дуели одиграни вчера беа постигнати следниве резултати: Македонија – Ангола 31:22, Бразил – Полска 28:24, Исланд – Словенија 25:26, Норвешка – Русија 28:24 и Шпанија – Тунис 26:21.

Денеска на програмата се играат седум натпревари со кои ќе биде комплетирано првото коло, а со дуелот Франција – Норвешка ќе стартуваат и дуелите од 3.коло.

Би можело да ве интересира

Франција се закити со бронза на ракометното СП

А1он

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски