СП 2017: Георгиевски: На секој натпревар даваме максимум

Од:

Македонската ракометна селекција попладнево во Мец го игра решавачкиот дуел од групата за пласман на третото место. Противник е Исланд, кој има бод помалку што значи дека и нерешен резултат и одговара на нашата селекција. Десното крило Гоце Георгиевски од името на соиграчите вети максимална борба и игра на победа.

– Одигравме фантастичен дуел против Шпанија, на крајот тие беа подисциплинирани. Сега треба да мислиме на Исланд. Немаме многу време да се подготвиме треба да се одмориме и да победиме. На секој дуел даваме максимум, во името на сите играчи одиме на победа, изјави десното крило Гоце Георгиевски.

Во македонската репрезентација на денешниот дуел ќе има и една промена во составот. На местото на Мартин Поповски ќе биде Жарко Пешевски.

Дуелот Македонија – Исланд почнува во 17 часот и 45 минути.

Би можело да ве интересира

Франција се закити со бронза на ракометното СП

А1он

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски