СП 2017: Франција и Норвешка во борба за златниот медал

Од:

На 25-тото Светското првенство во ракомет попладнево се игра финалето меѓу Франција и Норвешка.

Селекцијата на Франција е домаќин и светски првак, а во својата историја има вкупно пет титули од светските првенства (1995, 2001, 2009, 2011 и 2015), две олимписки злата (2008 и 2012), како и три први места на Европските првенства (2006, 2010, 2014).

Популарните „експерти“ очекуваат дека на домашен терен ќе прослават уште една шампионската титула.

За разлика од Франција, Норвешка има млад тим, кој лани на Европското првенство во Полска го освои 4. место што е нивни најдобар резултат.

Во Краков лани Норвешка ја победи Франција со 29:24 (во втората фаза)и со тоа ја исфрли од борбата за медал на Европскиот шампионат.

Инаку, Норвешка на шампионатот настапува со „вајлд карта“ откако беше елиминирана во баражот од Словенија.

На ова првенство во групната фаза во Нант двете селекции одиграа уште еден натпревар, а победа од 31:28 остварија Французите.

Франција на патот до финалето има осум победи, додека Норвешка седум и еден пораз од Франција.

Финалето ќе го судат Мартин Гјелинг и Мадс Хансен од Данска, а почетокот е во 17:30 часот.

Би можело да ве интересира

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски

Мојсоски ги храбри ракометарите пред првиот натпревар во Египет: Горди сме на вас!

Жарко Настоски