Кошаркарите на Македонија до 18 години синоќа ја постигнаа третата победа и се на чекор до полуфиналето на Европското првенство – Б дивизија што се одржува во Струмица.
Нашите кошаркари постигнаа победа над Естонија 63:49 (18:12; 13:11; 13:16 и 19:10) и во вечерашниот дирекетен дуел со Холандија ќе решаваат за второто место во група Е и за пласман во полуфиналето.
Колективот ја донесе победата против Естонија. Кристијан Николов со 13 поени беше најефикасен, по 12 постигнаа Оливер Двојаковски и Љубиша Младеновски. Двојаковски имаше и 13 скокови, а Андреј Магдевски 10.
На вториот натпревар во групата Полска ја победи Холандија со 66:50 и веќе обезбеди пласман во полуфиналето.
Во групата Ф на вчера одиграните натпревари: Израел – Белгија 54:65 и Шведска – Црна Гора 74:55.
Табела Е група: Полска 2-0 (победи-порази), Македонија 1-1, Хоандија 1-1, Естонија 0-2.
Табела Ф група: Шведска 1-1, Белгија 1-1, Израел 1-1 и Црна Гора 1-1.
Вечерва Македонија и Холандија играат со почеток во 18 часот и 45 минути, а потоа следи дуелот Полска – Естонија.
Во другата група репрезентациите кои ќе победат ќе се пласираат во полуфиналето, а двојките се: Белгија – Шведска и Црна Гора – Израел.