Сорондо: Со медал в џеб, против Катар ќе биде полесно

Од:

И во одбрана и во напад и Лука Карабатиќ и Седрик Сорондо, двата кружни напаѓачи на француската репрезентација завршија лавовски дел од работата.

Сорондо тврди дека финалниот меч ќе биде уште полесен за нив, не заради името на противникот, туку заради растеретувањето дека имаат освоено медал и сега ќе тргнат по златото, кое реално е единственото нешто кое ги задоволува:

„Тоа беше претежок меч, го знаевме тоа и останавме концентрирани и среќата не послужи во одредени моменти. Но имаме многу искуство од вакви натпервари, пак бевме одлучни и покрај тоа што сме нова екипа, со нови цели и денес мислам дека ја остваривме целта. Сега ни следи мечот на задоволството бидејќи веќе знаеме дека имаме медал в џеб“, радосен беше по мечот ракометарот на Барселона, Седрик Сорондо.

Денес може да се констатира дека Сорондо е легален наслендик на Бертран Жил, кој со претходната генерација освои се што можеше да се освои.

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ