Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не смета дека тимот треба да се задоволи само со место во топ 4 во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ не биле шампиони од 2013 година и Норвежанецот е загрижен да не тргнат по стапките на Ливерпул, кои чекаат да го кренат трофејот од Премиер лигата веќе 29 години.
– Се разбира дека во Ливерпул чувствуваат тензии. Мислам дека ова се однесува на сите навивачи, како и за играчите, најверојатно. Но ние исто во последните неколку години не ја освоивме титулата и сакаме да си ја вратиме. Треба да направиме така што да не се задоволиме само со место во топ 4. Ако се целите прениско и ја постигнеш својата цел, тогаш тоа е поопасно отколку да се цели премногу високо и да ја пропуштиш. Тешко е да се освои ова првенство. Ова е најтешкиот шампионат и ако размислиш, има само 5-6 тима, кои триумфирале во Премиер лигата, изјави Солскјер пред денешното дерби со Ливерпул.
Тој не пропушти и да се пошегува со навивачите на тимот од Мерсисајд.
– Имам многу пријатели во Норвешка, кои се поддржувачи на Ливерпул. Секоја година тие се сигурни дека нивниот момент ќе дојде. Октомври доаѓа и велат: „Во ред следната година“. Сега тие се во борба за титулата, па за нив тоа ќе биде возбудлив крај на сезоната. Ние не се грижиме. Ние само треба да се гледаме себе си, додаде стратегот.