Соколи подобри од Струмица

Од:

Кошаркарите на второлигашот Карпош Соколи со 62:60 ја совладаа Струмица во еден од двата натпревари од осминафиналето на Куп на Македонија одиграни вчера.

На натпреварот одигран во СЦ „Борис Трајковски“ струмичани имаа проблеми со реализацијата, но и со организацијата на нападите, завршувајќи го првото полувреме со само 21 постигнат поен. Соколи, предводени од новото засилување Ѓорѓи Талевски и Ангел Тасевски на полувреме заминаа со предност од 9 поени (30:21), но гостите до крајот успеаја да намалат и со поволен резултат да го чекаат реваншот во Струмица.

Натпреварот во Битола помеѓу Пелистер Спорт и Вардар беше исто така неизвесен во целиот негов тек, но и заврши нерешено 69:69.

Вечерва од 20 часот и 30 минути ќе се одигра и последниот меч од првата осминафинална фаза, во кој Апаве ќе го пречека Работнички.

Реванш натпреварите ќе се одиграат следниот викенд.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он