Со рекордни 25 тројки Кливленд до втора победа над Атланта

Од:

Кошаркарите на Кливленд ноќеска ја победија Атланта со 123:98 и поведоа со 2-0 во полуфиналето од Источната конференција во НБА лигата.

Воедно, Кливленд постави нов рекорд со 25 погодени удари за три поени, од кои 18 во првото полувреме. Во рекордот на Кавалирс учествуваа десет кошаркари кои реализираа удар за три поени барем по еднаш.

Најефикасен играч во победничката екипа беше Леброн Џејмс со 27 поени и пет асистенции, Џеј Ар Смит реализира 23 поени од кои седум тројки.

Во поразениот тим се истакна Пол Милсап со 16 поени и 11 скока.

И вечерва на програмата во најсилната кошаркарска лига се игра еден натпревар. Торонто е домаќин на Мајами. Резултатот е 1-0 за Мајами во серијата прв до четири победи.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on