Пред почетокот на Олимписките игри во Лондон, Американците но и целиот свет ги насмеа службената фотографија на најуспешниот олимпиец на сите времиња, Мајкл Фелпс.
Освојувачот на вкупно 14 злата на ОИ се појави со бушава коса, неизбричен и смртно сериозен. Дури и тој самиот се насмеа кога ја виде.
„Мислев дека нема да ме препознаат на сликата и нема да ме пуштат во олимпиското село“, рече тој.