На последниот денешен натпревар од Групата Ф домаќинот Словенија славеше против Италија со 84:77 по што повторно е во игра за пласман во четвртфиналето.
Браќата Горан и Зоран Драгиќ ја предводеа домашната селекција со 22, односно 15 поени.
Хрватите претходно беа убедливи против Финска совладувајќи ја со 88:63.
Грција во дербито на стартот од Групата Ф во неизвесен натпревар славеше против Шпанија со 79:75.
На табелата во Групата Ф, која е крајно израмнета по денешните резултати, сега Хрватска, Италија и Словенија имаат по 5 бода, додека Шпанија, Грција и Финска имаат по 4 бода.