Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Од:

На синоќешниот пријателски натпревар во Љубљана, каде што словенечката репрезентација беше домаќин на Португалија, еден навивач истрча на теренот за да се фотографира со главната ѕвезда на настанот.

Секако, станува збор за Кристијано Роналдо со кој навивачот успеа да се фотографира правејќи селфи, а го бакна и португалскиот ас, а словенечките медиуми открија каква казна сега го чека.

Имено, навивачко селфи и бакнеж за најдобриот фудбалер на сите времиња ќе го чинат 1.000 евра според казната што му е изречена. Така патувањето на теренот ќе го чини многу, но веројатно навивачот бил и подготвен за тоа и свесен за цената што треба да ја плати.

Инаку, Португалија синоќа во Љубљана беше поразена од Словенија со 2:0, за која гол дадоа Гнезда Черин и Елшник.

Роналдо беше во центарот на вниманието и затоа што неколку пати се пожали на грубата игра на домаќините, поради што протестираше до судијата кој го судеше овој натпревар.

Сега Роналдо ќе се врати во Саудиска Арабија каде што очекува да ја продолжи клупската сезона со тимот на Ал-Насра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 906 гол на Роналдо

Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Предраг Петровиќ

По болниот крај на сезоната, Роналдо ги полни батериите за европското на егзотична дестинација

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето