Американката Слоун Стивенс е победничка на Отвореното тениско првенство на САД. Таа синоќа на убедлив начин за само еден час игра, со 2-0 во сетови ја совлада сонародничката Медисон Киз.
Во првиот сет Киз освои три гема, а во вториот Стивенс имаше целосна доминација и сетот го заврши со 6:0.
Стивенс која не беше носителка на турнирот е петтата тенисерка во историјата на УС Опен кој стигнува до трофејот, а пред стартот да не биде ниту на пошироката листа на фаворитки.
Ова беше прва Грен слем титула за неа во кариерата, а претходно на турнирот во Њујорк најделука стигнуваше до четвртото коло (2013 година).
По освоениот прв трофеј од Грен слем турнир, Стивенс од понеделник ќе влезе меѓу првите 20 тенисерки на ВТА ранг листата, а на почетокот на август беше на 957. позиција.
Киз го играше своето прво Грен слем финале, но остана без трофеј од еден од четирите најпрестижни светски турнири.