Скопје домаќин на Меѓународен таеквондо турнир

Од:

Во Спортскиот рекреативен центар „Кале“ в недела (3 април) ќе се одржи третиот по ред „Скопје Опен“ интернационален турнир во таеквандо.

Организаторот очекува повеќе од 300 натпреварувачи од 40 клубови од шест држави.

Од Македонските претставници кои освоија одлични резултати на неодамнешниот „Софија Опен“ се очекува многу. Имено, таеквондо репрезентативците Дејан Георгиевски Иван Крстевски Филип Додевски и Марко Стевич членови на клубот Бутел изминатиот викенд настапија на еден од најсилните интернационални турнири во регионов на кој земаа учество 1.200 натпреварувачи од над 200 клубови од целиот свет и ги постигнаа следниве резултати:

Марко Стевиќ – сениори апсолутна категорија златен медал

Дејан Георгиевски – Јуниори златен медал

Иван Крстевски – Јуниори бронзен медал

Филип Додевски – Јуниори брозен медал

По тој повод директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески имаше консултативен разговор со дел од тимот од кој се очекува успехот од Софија да го повтори и на претстојниот натпревар во Скопје.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ