Скендеровски повика 15 играчи за двомечот со Бугарија

Од:

Македонската футсал репрезентација викендов ќе одигра два контролни натпревара против Бугарија на домашен терен во Куманово на 14 јуни и во Скопје  на 15 јуни. Селекторот Васко Скендеровски упати повик до 15 играчи за настап на овие средби.

На списокот на Скендеровски се следните фудбалери:

Голмани: Мирослав Тодоровски (КМФ Железарец) и Илчо Удовалиев (КМФ Железарец).

Одбрана: Зоран Левески (КМФ Железарец), Александар Глигоров (КМФ Железарец), Ферид Агуши (КМФ Железарец), Драган Петровиќ (КМФ Скопје 2011), Иван Крстевски (КМФ Железарец), Кристијан Златковски (КМФ Биџо) и Таулант Исмаили (КМФ Железарец).

Напад: Оливер Јовановски (КМФ Железарец), Мартин Тодоровски (КМФ Железарец), Адријан Мицевски (Сљуаре – ЦРО), Игор Леовски (КМФ Железарец), Исмет Цека (КМФ Сее Универзитет) и Дарко Ранготов (Сљуаре – ЦРО).

Стручниот тим на Македонија е засилен со Иван Божовиќ, долгогодишниот тренер на Економац од Србија, од оваа сезона тренер на македонскиот шампион Железарец.

Македонскиот селектор очекува продолжување на резултатскиот успех.

– Можеби некои од нас сеуште е под импресии од победата против Хрватска, но веќе не очекува нов предизвик, двомеч со Бугарија. Мал хендикеп е тоа што нашето првенство е завршено, играчите не се во натпреварувачка форма, но продолжуваме со зацртаната цел, а тоа е во континуитет да имаме пријателски натпревари и да имаме противник во сите термини на УЕФА. Сето ова е во рамки на подготовките, најпрвин за силниот турнир кои во октомври ќе го организираме во Скопје, а потоа и за квалификациите за ЕП 2016 година кои ги започнуваме во март идната година. Против Бугарија сакаме да го продолжиме резултатскиот успех. Се надевам на добра игра и позитивни резултати кои ќе ни ја подигнат самодовербата пред квалификацискиот циклус, изјави селекторот на репрезентацијата, Васко Скендеровски.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска