Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија, Васко Скендеровски денеска го објави списокот на играчи на кој ќе смета за натпреварите од Меѓународниот футсал турнир кој ќе се игра во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
За натпреварите против Финска, Шпанија или Турција, Скендеровски ги повика следните играчи:
Голмани: Удовалиев Илчо (КМФ Железарец), Тодоровски Мирослав (КМФ Скопје 2011), Петровски Антонио (КМФ Скопје)
Одбрана: Левески Зоран (КМФ Железарец), Агуши Ферид (КМФ Железарец), Крстевски Иван (КМФ Железарец), Златковски Кристијан (КМФ Биџо), Арсовски Џо (КМФ Железарец),
Напад: Глигоров Александар (КМФ Железарец), Леовски Игор (КМФ Скопје 2011), Јовановски Оливер (КМФ Железарец), Ранготов Дарко (Сквер, Хрватска), Тодоровски Мартин (КМФ Железарец), Илиќ Владо (КМФ Биџо), Мицевски Адријан (КМФ Железарец), Трајков Трајче (КМФ Скопје 2011).
– Подмладувањето на репрезентацијата го започнавме на претходните неколку натпревари и навистина сум среќен што младите селектирани играчи потврдија дека имаат желба и потенцијал да бидат дел и од најдобриот состав. Нови играчи има и за натпреварите од меѓународниот турнир, доколку навистина не убедат дека заслужуваат место во А тимот, тие ќе бидат играчите на кои ќе сметаме и во иднина, изјави селекторот Васко Скендеровски.
Првиот натпревар Македонија ќе го игра на 27 октомври во 21 часот и 30 минути против Финска.