Македонската футсал репрезентација на почетокот од идниот месец против Црна Гора во Скопје ќе одигра два контролни натпревари за кои селекторот Васко Скендеровски ги повика следните играчи.
Голмани:Илчо Удовалиев (Железарец), Мирослав Тодоровски (Скопје 2011), Антонио Петровски (Скопје 2011);
Одбрана:Зоран Левески (Железарец), Ферид Агуши (Железарец), Иван Крстевски (Железарец), Џо Арсовски (Железарец);
Напад:Александар Глигоров (Железарец), Игор Леовски (Скопје 2011), Оливер Јовановски (Жешлезарец), Дарко Ранготов (Сквер Дубровник), Мартин Тодоровски (Железарец), Адријан Мицевски (Железарец). Трајче Трајков (Скопје 2011).
Натпреварите ќе се играат во малата сала од арената „Јане Сандански“.
Првиот натпревар против Црна Гора се игра на 2 декември од 18 часот, следниот ден пресметката е од затворен тип. Влезот за првиот натпревар е бесплатен.